Лидерот на Демократската партија предупреди на одлагање на изборите

Лулзим Баша лидерот на Демократската партија предупреди на можноста од одлагање на парламентарните избори, закажани за 18 јуни годинава. Не е незамисливо заради доброто на изборните стандарди, на слободните и фер избори, да се разгледа опцијата за одлагање на изборите. За нас нема значење кога ќе се одржат изборите,од значење е какви избори ќе се одржат. Изборите треба да бидат во согласност со европските стандарди,слободни и демократски,-изјави Баша.

Албанската опозиција протестира од 18 февруари, го бојкотира парламентот а најави и бојкот и на изборите, доколку не си замине премиерот Еди Рама и формирање технчка влада која ќе спроведе слободни и фер избори. Европратенкот Едуард Кукан ја повика опозицијата да се врати во Парламентот бидејќи, според него тоа е единствен начин да се решат прашањата. Политичките битки треба да се водат во инситуциите,изјавил Кукан, остро критикувајќи го ставот на Демократската партија , кој „се заканува да го спречи почетокот на преговорите за прием на Албанија во ЕУ“.

Advertisement