Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Николов: Барајте од ВМРО да сторат нешто

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов вели дека опозицијата треба многу поагресивно да реагира на тоа што и го прави власта.

“ВМРО-ДПМНЕ се како тепано куче кое уште чека неговиот газда (Американците) да го засакаат. Но, секое куче ќе научи да гризне кога го тепаат. ВМРО не знае ниту да лае”, пишува Николов кој го користи хаштагот
#НашетоИмеЕМакедонија и бара одбрана на името Македонија од страна на опозицијата. Македонци, барајте од ВМРО да сторат нешто и да ја одбранат Македонија, порачува Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов.

Advertisement