Лидерот на ММДЧП Николов до Хан: Ти си кристално јасен антимакедонски настроен расист

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов со оштра порака до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

“Кој по ѓаволите си ти да кажуваш некому да го менува името на неговата етничка група и идентитет”, пишува Николов според кого еврокомесарот е “кристално јасен расист” и абтимакедонски настроен.

Македонскиот активист од Канада кој во неколку наврати директно обвинуваше западни претставници и бараше апсење на Зоран Заев бара од Хан да каже зошто не сака да се сретне со него и вели дека ја брани Македонија од такви како него. Николов реагира на последната изјава дадена од Хан по средбата со лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски./www.expres.mk

Advertisement