
Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Лулзим Баша поднесе оставка, одлуката е донесена откако попладнево во синиот штаб се свикаа Пратеничката група, Претседателството и Колеџот на претседатели.
„Не сакам да се задржувам на тоа што и како се случи, кој беше во право, а кој не. За жал, обидот да се задржи Демократска партија обединета не успеа. Демократите и јас се соочивме со бројни обвиненија и денес Демократска партија доживува длабока криза. Поради оваа причина и за да и помогнам на Демократска партија да ги остави настрана поделбите, свесен за тежината што ја добив, поднесувам оставка од функцијата претседател на Демократска партија, рече Баша.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden