Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски апелира до Македонците во Албанија масовно да учествуваат во пописот

Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на 32-та годишна конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

Мицкоски ги повика Македонците да бидат дел од пописот во Албанија.

„Од овде, од срцето на Македонија јавно повикувам и апелирам Македонците од Албанија да излезат и да се попишат како Македонци, она што со векови биле и ќе продолжат да бидат. Апелирам дека сега е моментот да не потклекнуваат, и одговорот на сите туѓи пропаганди да биде масовност. Следуваат промени во Македонија и како Македонци и Македонија како нивна држава од која тие влечат потекло, ќе им помогне во иднина, и ќе ни биде полесно повеќе да се вклучиме во поддршката за развој и негување на македонските особености и култура. Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот“, кажа Мицкоски.

Advertisement