Лига на Нации: Македонија го совлада Лихтенштајн 4-1

Вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, македонската фудбалска репрезентација го совлада Лихтенштајн со 4:1 и со тоа ја продолжи победничката серија во Лигата на Нации. Македонија во водство ја донесе Трајковски. После убава акција, репрезентативецот успеа да излезе сам и да ја донесе домашната селекција во водство. 2:0 беше во 30 минута, и повторно стрелец Трајковски откако после добра акција од десната страна стрелаше во гостинската мрежа. На 3:0 пет минути подоцна зголеми Горан Пандев кој исто така беше стрелец по убава акција. Меѓутоа во 37. минута Лихтенштајн преку Јилдиз успеа да намали на 3:1, резултат кој беше на полувремето. Во вториот дел во 67. минута Алиоски се проби по десната страна, и стигна на 5-6 метри од голот од каде успеа да погоди во голот на противникот, што беше и последен гол на овој меч.

Advertisement