Лига на Нации: Македонија во група 2 од Ц сегментот

На денешната ждребка во Амстердам беа извлечени групите од Лигата на Нации за циклусот 2020/21. Македонија во минатиот циклус стартуваше од најдолната лига Д, а по одличните настапи и првото место во групата напредувавме во погорниот сегмент Ц. Противници на Македонија за натпреварите од новиот циклус на Лигата на Нации ќе бидат Ерменија, Естонија и Грузија, а натпреварите во групата ќе се одиграат во септември, октомври и ноември, 2020 година на принципот дома – гости.

„Најискрено во овој момент сите мисли и целата концентрација ни е насочена кон натпреварот со Косово.Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место. Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со било кој противник, а така ќе биде и овој пат. Одиме да го освоиме првото место во групата. На хартија противниците не се атрактивни, но секако поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода.“ – изјави селекторот Ангеловски по ждрепката во Амстердам.

Advertisement