
Лина Ѓорческа во Санта Маргарита Ди Пула, Италија ќе може да дојде до својата прва титула во оваа календарска година. Имено Лина и нејзината партнерка Бернарда Пера (САД) се изборија за финале во дубл, откако денеска со пресврт дојдоа до триумф над домапните тенисерки Камила Росатели и Аличе Матеучи (четврти носителки).
Италијанките првиот сет го добија со 6-4, вториот пак беше потполно во знакот на Македонката и Амариканката (6-1), а решавачката битка заврши со 10-8 за меч за пехар. Последната пречка до таа цел се Ева Вакако (Холандија) и Прартхана Томбаре (Индија) кои на турниров се трети носителки. Овој фјучерс се игра на земјени терени, а наградниот фонд е 25.ооо американски долари.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden