
Локализиран е големиот пожар кој беснееше во Националинот парк „Преспа“, општина Пустец, на врвот на планината „Остоја“, местото наречено Пирамида 10 на границата со Грција а кој постоело опасност за најблските населени места, пожарот зафатил над 10 хектари со високо стеблеста шума, од кои 7 биле целосно изгорени.
Во гаснењето на пожарот биле вклучени сили од двете земји, Албанија и Грција. Повеќе од 100 пожарникари од Пустец, Корча и Девол, а од грчката општина Преспа, два помали авиони, 50 пожарникари и седум противпожарни возила.
Пожарот најпрво се појавил на албанска страна, во атарот на селото Церје, општина Пустец, но силниот ветер пламените јазици ги префрлил и на грчка страна, на делот кај Флорина.
Постојат основи на сомненија дека пожарот бил подметнат.
Во последните два месеца во Албанија регистрирани се над 300 пожари, уништени се илјадници хектари шума и маслинови насади, за што 29 лица се уапсени под сомнение за предизвикување пожари, 38 се бранат од слобода, додека по седум се трага.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden