Локални избори во Грузија 

Грузијците денеска гласаат на локални избори кои се сметаат за тест за поддршката на владината коалиција во пресрет на претседателските избори што ќе се одржат следната година. Гласачите треба да изберат 58 први луѓе на општините и областите, пет градоначалници на Тбилиси, Батуми, Кутаиси, Поти и Рустави и 2058 членови на 64 локални совети.

Како што соопшти Централната изборна комисија 22 партии, пет политички блока и една иницијатива се натпреваруваат за гласовите на граѓаните. Претходните избори се одржаа во два круга во 2014 година, а актуелната владејачка коалиција и тогаш освои мнозинство. Изборите ќе ги набљудуваат 20 641 набљудувач од грузиските организации и 581 меѓународен набљудувач.Главни теми на овие избори се животната средина и транспортот.

Advertisement