Лоренс Иглбергер: Грција нема историско право на името Македонија

Спорот за името е непотребен и неоснован. Македонија беше нарекувана така и за време на поранешна Југославија и тоа тогаш не предизвикуваше никакви проблеми, изјави пред три години, сега веќе починатата легенда на американската дипломатија Лоренс Иглбергер. Земјата која сега се нарекува Македонија беше нарекувана така и за време на нејзиното постоење како република во рамките на поранешна Југославија. Дали овој факт доведе до сериозни проблеми меѓу Грција и Југославија или меѓу Грција и југословенската Република Македонија? Имаше недоразбирања и тогаш , но тие никогаш не стигнаа до точка кога тие претставуваат закана за мирот во регионот. Има ли нешто понезрело и поглупаво од уценувањето на една нација и негирање на нејзиното членство во меѓународните организации. А целта на тие организации е да се зачува мирот и да се заштитат членовите од агресија од нечленовите”, изјави Иглбергер во интервју за НТВ станицата.

Во однос на грчките обвинувања за наводната антиквизација во Македонија, Иглбергер вели дека никој нема право да ја присвојува античката македонска историја. „Грција тврди дека Македон или Македонија, како и Александар Македонски се нејзини. Ова е погрешно.  Античките Грци Македонија ја сметале за полуцивилизиран регион  што за нив претставувал само извор на суровини и ништо повеќе. Порастот на Македонија во времето на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со негодување, што резултирало со пораз на неколку грчки града. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уништиле грчката слобода. Тврдењата на модерните Грци дека античкото кралство Македон е нивна сопственост ги игнорира историските факти “, додава Иглбергер. Поради овие факти, тој не може да ја прифати валидноста на барањето на Грција за сопственост на името Македонија.

„Античките Грци никогаш не тврделе дека Македонија е нивна и тие никогаш не ги прифатиле Филип или Александар како свои владетели. Грчките тврдења за Македонија се засноваат на историски погрешни информации“, вели Иглбергер.Поранешниот заменик држевен секретар на САД, соработник и на Ричард Никсон, Роналд Реган, Хенри Кисинџер, Џорџ Буш има симпатии за македонскиот народ, иако тој сфаќа дека не е мудро за еден странец да се меша во внатрешните работи на две држави. „Сепак, мојата возбуда од силата на карактерот која македонскиот народ  го оправдува фактот на моето заземање страна”, истакнува Лоренс Иглбергер во интервју за НТВ./www.mkd.mk