“Љубојна“ настапи на фестивалот “Cloud rea“ во Тирана

На 06.06.2022 вечер, македонскиот состав “Љубојна“ настапи на фестивалот „Cloud rea“ во Тирана, концертот беше во коорганизација со фестивалот и Македонскиот Културно-информативниот центар во Тирана, поддржан од Општина Тирана. Како што велат од Македонскиот културен центар во Тирана, ова беше, веројатно еден од најубавите концерти на “Љубојна“ во нивната богата кариера.
„Пред многубројна публика во центарот на Тирана се случи вистинско чудо, луѓето, слушајќи ја нивната музика, цели два часа играа во транс. Се редеа разновидни македонски и балкански мелодии, публиката и после два часа не сакаше да го напушти местото каде што се одржуваше концертот“, информират од Македонскиот Културно-информативниот центар во Тирана. По концертот, групата “Љубојна“ имаше средба и ,,jam sesion,, со музичарите од „Tirana Tirona, all stars“, позната група од Тирана.
Advertisement