Лукашенко негира дека Белорусија ќе се обедини со Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги отфрли наводите дека неговата земја би можела да се обедини со Русија.

„Никогаш не сме барале и никогаш нема да бараме да станеме дел од некоја земја, дури ни од братска Русија“, рекол Лукашенко.

Медиумите шпекулираа дека Белорусија би можела да се обедини со соседна Русија и да формира нова земја, која би му овозможила на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи да биде претседател по истекувањето на мандатот во 2024 година.

Минатата недела белорускиот амбасадор во Русија, Владимир Семашко, во интервју за белорускиот новински портал Тут.бу, дека двете земји планираат да формираат заедничка владејачка структура.

Тој план би можел да биде продолжување на договорот за сојузна држава, кој стапи на сила пред две децении, помеѓу двете поранешни советски држави, рекол амбасадорот. Белорусија и Русија веќе имаат релативно отворена граница и заедничка трговска зона.

Advertisement