
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.
Македонците од Албанија, рамо до рамо со своите сонародници, се приклучија на македонските партизански единици за време на Втората светска војна, давајќи голем придонес во борбата за ослободување на Македонија од наци-фашистичкото ропство. Многумина од нив ги дадоа своите животи за каузата на слободата, независноста и самоопределувањето на македонскиот народ.
На овој голем ден, оддаваме длабока почит на сите храбри борци и херои кои го положија својот живот за слободна и самостојна Македонија, оставајќи ни аманет да го чуваме македонскиот идентитет, јазик и култура, и да се бориме за подобра и посветла иднина на нашата татковина.
Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden