Mагазинот Group leisure and travel објави репортажа за преубавиот Охрид како дестинација која инспирира. Оваа мала земја во срцето на Балканот е помеѓу земјите кои најмалку се посетуваат во Европа, но тоа за брзо ќе се смени, откако TUI започна да лета до Охрид од Gatwick и Manchester во мај оваа година. Експертот за патувања Simon Calder вели дека станува збор за дестинација која не треба да се потцени. Малата линија на брегот се надоместува со древна историја, прекрасни планини и кристално чисто езеро, стои во написот.
Додаваат дека Охридското Езеро, како најстаро во Европа, нуди освежување во неговите чисти води, но и прошетки со бродови и кајак тури. Во стариот дел на Охрид мора да се посетат бројните цркви и ресторани, а особено црквата посветена на Св. Јован, како и најграндиозната црква во градот – Св. Софија, стои во објавата на Group leisure and travel.