Македончињата во Корча добија новогодишни пакетчиња од округот Корча

Во знакот на новогодишните празници, претседателката на Советот на Округот Корча, Ана Веруши денеска на Македончиња, кои посетуваат курс по македонски јазик во градот Корча, им даруваше новогодишн пакетчиња и им посака здравје и успеси. Искажуваме голема благодарност до претседателката Веруши и нејзините соработнци за посетата и вниманието. Децата беа пресреќни. Иако курсевите по македонски јазик се редовни, за првпат се случува,пред нова година, децата да ги посетат високи претставници од округот Корча, – вели Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“. Курсот по македонски јазик моментно го посетуваат дваесеттина дечиња. Курсевите се одржуват во органзација на друштвото „Сонце“