Македонците од Требиште, Голо Брдо добија целосно реконструиран здравствен објект (ФОТО)

Македонците од админстративната единица, Требиште, област Голо Брдо, добија целосно реконтруиран здравствен центар, со целосно потребната апаратура и кадар.

Во рамки на владиниот проект „Реконструкција на 300 здравствени центри“ извршена е целосна реконструкција и проширување на досегашната здравствена амбуланта и опремена со нова апаратура. Тука секако и фактот што за здравјето на жителите се грижат лекар и две медицински сестри. Сетрите кои се жителки на Требиште се на служба на жителите и вон работното време, доколку за тоа има потреба, изјави за МИА, Едмонд Османи администратор на АЕ Требиште. Според него до сега во објектот, изграден пред неколку децении, функцонални биле само две простории, што ниту од далеку не ги исполнувале условите за обавување на дејноста. Сега располага со пет простории.

Освен 1.300 жители на селото Требиште, тука здравствена услуга може да добиваат и жителите од остантите пет села од нашата административна едница, зашто само во селото Клење е обезедено постојано присуство на медицинска сестра, значи околу три илјади жители, посочува Османи. Тој, заедно со Лефтер Ала, градоначалник на Булќиза, каде територијално припаѓа оваа административна едница денеска беа во посета на установата.

Благодарение на средствата издвоени од Владата овој здравствен центар е целосно реконструиран, обезбедени се најнеопходните апарти а располага и со потребната инфраструктура. Правиме напори да се зголеми бројот на здратсвените работници. Сето тоа секако во насока на заштитата на здравјето на жителите, кои сега добиваат поквалитетни здравствени услуги, рече Ала. За време на престојот во Требиште, тој се сретна и со дел од жителите и најави реализација на повеќе проекти, пред се од сверата на инфраструктурата.

Advertisement