Maкедонците во Албанија едногласни: Бугари во Албанија нема

Денеска во Пустец се оствари средба меѓу поранешниот градоначалник на општина Пустец Едмонд Темелко, кандидатот за градоначалник на таа општина на последните локални избори Панди Јани, македонските активисти во Република Албанија Спиро Малевски, Светко Китани, свештеникот Алексо Темелко, Доне Донев од Македонија и Тони Ордановски од Холандија.

Додаваат дека гостите Ордановски и Калпачки Германиа подариле книги за првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто од авторот и актерот Доне Донев, кој изведе монодрама „За македонските работи“.

Заедничката порака од семакедонската средба во Пустец е апел до Македонците за пописот на населението: Попишете се сите, тоа што сме биле отсекогаш, сме и ќе бидеме-МАКЕДОНЦИ! Да ставиме крај на бугарските пропаганди и без страв да останеме достојни на нашите македонски корени, посочуваат од заедницата.

Уште еднаш порачуваат дека „Во Албанија Бугари нема“.

Масовно и единствени, на пописот на населението во Албанија: Да ставиме печат на историјата и вистината: Ние сме Македонци и нашиот јазик е македонскиот, стои во пораката.

Едмонд Темелко, кој во три мандати беше градоначалник на Пустец и е прв претседател на единствената македонска партија, МАЕИ, за МИА изјави дека иако се повлекол од политиката сега сака јавно да ја изнесе осудата на бугарските агитатори.

Најостро ја осудувам асимилаторската политика на бугарските високи државни претставници и здруженија, која никако да престане. Апелирам до моите Македонци каде и да живеат во Албанија, да не потклекнуваат на никакви закани, слободно да се изјаснат тоа што сме-Македонци зашто тоа го овозможува пописот, порачува меѓу другото Темелко.

Според него Македонците ги има над 120 илјади во Република Албанија, живеат не само во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, туку со десетици илјади и во Елбасан, Тирана, Драч, Фиер и други.

Advertisement