Македонците во Албанија во село Ербеле, Маќелара го одбележаа Преображение Христово

Македонците од селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар, и неколку други околни населени места, го одбележаа денешниот голем христијански празник, Преображение Господово. Во црквата „Свето Преображение“ која датира од 12 век, присуствуваа помал број верници, споредено со другите години., но како што велат доволно за да ја продолжат традицијата.

Тоа поради состојбата со Ковид-19, како во Албанија, така во Македонија. Помалку бевме, но колку бевте толку, она што е значајно е што ја продолжуваме вековната традиција. Овој пат се помоливме Бог да не спаси од опасниот невидлив непрјател. Изминатите години тука се собираше многу народ, како локакни жители од повеќе села од оваа област, така и Македонци по потекло од Ербеле а кои денес живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, како и во Дебар и други градови во Македонија, изјави за Македонски весник “Илинден”, Руска Богдани, од село Крчиште.

Таа денска беше најсреќна, бидејќи и се падна паричката од славската погача, што е традиција, воспоставена пред десет години. Жителите од поширокиот крај од двете страни на границата, незвсно од верската прпадност веруваат дека црквата има исцелтелна моќ.

Во црквата доаѓаме спроти прзникот, значи синоќа а главното одбележување е денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ.

Голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест, вели Ернест Постоли, жител на селото, чие семејсто се грижи за овој божји храм.

Црквата „Свето Преображение“ во 1970 година со одлука на албанските власти прогласена е за споменик на културата.

Во октовмри 2018 година познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и подари икони на црквата, што се реализираше по средбата на игуменот на манастирот владиката Партениј и Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво “Илинден“.

Огромна благодарност за г. Партениј, кој позитивно одговори на нашето барање и со негов благослов 12 икони веќе три години ја разубавуваат една од најстарите и најзачајни цркви во овој дел на Албанија,каде што некогаш живееле голем број Македонци. Кога ги поставивме иконите, црквата светна во полн сјај и ми се чини како сите ангели да слетаа, тука, на ова свето место, за да се радуваат на таа убавина, изјави за МИА Ѓурѓај.

Пред две години пак, доставена беше донација во книги од Соња Фениче од Италија, што се состои од детска и друга литература на македонски јазик а дел од книгите се веќе во библиотката на црквата.