Македонците во Албанија во село Ербеле, Маќелара го одбележаа Св. Преображение (ФОТО+ВИДЕО)

Актуелно Македонците во селото Ербеле, областа Поле кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, на 18 – 19 август 2020 година го одбележаа големиот христиjански празник Преображение.

Македонците од цела Албанија се собира во село Ербеле областа Поле, Маќелара на 18-19.08.2020 година го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век. Ноќта пред празникот секој добронамерник и госин е срдечно пречекан кај домаќините. На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, Долно Крчиште, Дебар и од татковина Македонија. Во цркавата преноќуваат православни и муслимани.

Ернест Постоли од село Ербеле за Македонски весник “Илинден” вели дека постои легенда од пред повеќе години според која, нешто огнено и црвено секој 18-ти август се спушта од црквата која што се наоѓа на врвот на планината Крчин (црква која што е поделена на пола помеѓу македонско-албанската граница) и оди право во црквата “Свето Преображение”. “Секој 19-ти август во ова црква доаѓаат не само православни, но и муслимани кој спијат внатре во црквата и се молат за излекување од разни болести, затоа што ова црква се смета за света. Има луѓе кои се излекувани од ова црква.”- изјави Ернест Постоли за Македонски весник “Илинден”.

Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Според жители на ова село голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест, се излекувале. Пред неколку години на овој празник во селото Ербеле започна да се воведува обичај да се меси погача во која има паричка.

Карактеристично за овој обичај е оној на кој ќе му се падне паричката од погачата да го преземе кумството за наредната година. Бидејќи празникот се падна во работен ден,  бројот на присутните беше по мал и поради Ковид-19 од изминатите години а празнувањето беше одбележано и со македонски ора и песни. Црквата „Свето Преображение“ во 1973 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата.

https://www.facebook.com/cerkvata.sv.preobrazenie.erbele.makelare.albanija/videos/601661657189602/?epa=SEARCH_BOX

Advertisement