Македонците во Бугарија ќе одбележат 109 години од убиството на Јане Сандански

Македонците во Бугарија на 21 април ќе одбележат 109 години од убиството на македонскиот револуционер Јане Сандански. По тој повод се повикуваат сите Македонци да дојдат на Мелник и да оддадат почит на пиринскиот цар. Убиството на Јане Сандански било извршено во 1915 година кај месноста Блатата на патот од Рилскиот манастир за Неврокоп.

Advertisement