Македонците во Германија го одбележа Св. Методиј во Елванген 

Во малото градче Елванген, Германија традиционално се прослави Св. Кирил и Методиј, група македонци и оваа година го посети Елванген и оддаде почит на нашиот просветник и рамноапостол Св. Методиј бил затвореник во тогашниот затвор во градчето Елванген во Германија.

Делегација предводени од Црковните заедници во Шуттгарт : Црковната заедница Св. Кирил и Методиј од Штутгарт и св. Пресвета Богородица од Синделфинген – Боблинген но и информирани и организирани со фејсбук групата Македонци во Германија – Makedonier го посетија местото каде денес со спомен плочи се потсетува на заточеништвото на Св. Методиј во Елванген.

На спомен плочата букет со свежо цвеке положија претставниците на ЦО Св. Кирил и Методиј од Штутгарт. Жртвата на нашите просветители не престанува да биде поттик за нас, нивното семе е наш производ и наследство. Ние сме горди на Св. Кирил и Методиј и на нивните ученици. Денес и Св. Методиј беше горд на нас.

Advertisement