Македонците во областа Голо Брдо четврт ден без електрична енергија

Македонците од областа Голо Брдо четири дена се без електрична енергија, што е последица на големи оштетувања во елеткромрежата предизвикани од обилните снежни врнежи и силниот ветер.

Поради скинати електроповодници, како и паднати бандери четири дена без електрчна енергија се околу шест илјади жители во административните единици Требиште и Острени. Екипи на Електродистрибуција се на терен но поради многубројните дефекти и непристапниот терен тоа оди тешко, изјави за МИА, Едмонд Османи, прв човек на административната единица Требиште.

Дебелината на снежната покривка во областа изнесува од 45 до 50 сантиметри а на повисоките места е поголема.

Благодарение на нашето залагање и поддршката од општина Булќиза, веднаш беа пробиени главнте патни правци до Требиште, Острени и граничниот премин Требиште – Џепште кај Дебар. Се чистат и другите споредни патишта во што се вклучени и самите жители. Засега сме немале проблем од здравсвтен аспект, посочи Османи.

Во зимскиот период кога ова подрачје останува завеано во снег и отсечено од светот, поради близината, болни лица се пренесуваат на раце до регионалниот пат Дебар-Струга кај селата Џепиште и Отишани а потоа во дебарската болница со што спасени се поголем број животи.

Advertisement