Македонецот, Јован Шкмби стана советник во советот на општина Поградец

Централната изборна комисија денеска разгледала повеќе прашања од нејзина надлежност во тие рамки и пополнувањето на испразнети места во советите на неколку општини, меѓу нив и Поградец.

На локалните избори што се одржа на 14 мај годинава МАЕИ беше во коалиција со Социјалистичка партија и свои кандидати имаше на листата на социјалистите, освен за општина Пустец каде настапи самостојно, но го поддржа кандидатот за градоначалник.

Јован Шкмби е роден на 28 јануари 1954 година во село Церје, Мала Преспа, од родители Филип и Тодора Шкмби. Има завршено студии на Земјоделскиот универзитет во Тирана во 1977 година. Работел како главен специјалист зооветеринар на задругата Стравај, округ Либражд, директор на претпријатието на пасиштата во Либражд. Од 1993 година, денес работи приватно на негова фирма “ОНИ’’ со центар во Либражд. Во 1993 година беше формирана секција на Македонско друштво “Преспа’’ во Поградец кое се однесувало на цела општина. Шкмби бил избран за претседарел на секцијата на Друштвото, кое го води до денес.

Веднаш после формирањето на македонска партија именувана Македонска Алеанса за Европска Интеграција во 2005 година бил избран за преседател на Партијата МАЕИ за Поградец, на која функција бил до 2014 година. Активен член бил на Управниот комитет на Друштвото „Преспа“ Албанија, исто така и член на Управниот комитет на МАЕИ. На 26 јуни 2015 победил на локалните избори и станал советник во Советот на општина Поградец во име на партијата МАЕИ секција Поградец, со 4 годишен мандат. Со оглед на неговото македонско потекло, се бори за што е можно поголема застапеност на Македонците во сите нивоа на управување на општинско ниво. Живее во град Поградец, женет со Нада Шкмби, татко на три деца

Advertisement