Македонецот Александар Волкановски е нов светски шампион во УФЦ (ВИДЕО)

Александар Волкановски натпреварувач во мешани боречки вештини со македонско потекло е нов светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија, откако ноќеска, по голема борба во Лас Вегас, го совлада еден од најдобрите во историјата, Макс Холовеј.

Александар Велики, како што го нарекуваат медиумите, доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите во негова корист. Тој е роден Шелихарбор во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од пелагониското село Беранци од каде на 15-годишна возраст се преселил во далечната Австралија. Волкановски шансата да се бори за шампионскиот појас ја доби со 17-те триумфи во низа во октагонот, од кои седум беа во најдобрата на светот во мешани боречки вештини, УФЦ-серијата.

 

Advertisement