Македонецот Ален Амедовски дојде до својата осма победа (ВИДЕО)

„Македонскиот Тигар” Ален Амедовски вечерва дојде до својата осма победа во исто толку мечеви кои ги решава со нокаут, во својата засега брилијанрна ММА кариера без пораз. Тој вечерва во „Ултимејт фајт” борба (УФЦ) во Џенова повторно со високо кренато македонско знаме по победата против Французинот Ибрахим Мане кој успеа да издржи само 12 секунди колку што му требаше на Амедовски со технички нокаут да ја заврши борбата. Практично најавата на борбата во Џенова траеше неколку пати подолго од самата борба. Иако повисок и навидум фаворит французинот не можеше да го одбие првиот напад на Амедовски кој со само два удари го нокаутираше Мане по што судијата Дан Мариглиота не дозволи продолжување на борбата.

29-годишниот борец од Центар Жупа, Ален Амедовски популарно наречен „Македонскиот Тигар”, вечерва во Рим, Италија ја оствари осмата победа во професионалната кариера во овој жесток и популарен спорт. Ален и во претходните 7 настапи бриљираше во мечевите на Апенините и главно во Милано со Флури, Мамду, Саммарко, Дорошкин, Ткачи и Фантасиа во кои извојува брзи и ефектни победи. И вечерва Амедовски победата ја прослави со високо кренато македонско знаме, а традиционално, македонскиот државен симбол е присутен и на спортската опрема на сите негови борби. Поради неговото потекло, Амедовски покрај „Македонски тигар” го нарекуваат и „Принцот од Жупа” и „Кралот на Река”.

Погледнете го видеото од борбата:

Advertisement