Македонецот Ернесто Талви стана министер за надворешни работи на Уругвај

Ернесто Талви, кој е од македонско потекло по татко, стана министер за надворешни работи на  Уругвај. Министерот Талви има импресивен и долго искуство како политичар и економист.

Како што пишува „Би-Би-Си“, Талви е економист кој се едуцирал во Чикаго, Талви е син на имигранти од Македонија и Куба. Tаткото на Ернесто, Мануел Талви, има еврејско потекло и е родум Скопје.

По првпат личност со македонско потекло стана министер за надворешни работи, вон татковината и вон Балканот.

Уругвај е независна држава во Јужна Америка која се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Уругвај.

Advertisement