Македонија: 20-години од востоличувањето на г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски

 

Со света литургија во присуство на стотици верници утрово беше осветена црквата “Раѓање на свети Јован Крстител” во Бутел. Со литургијата чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. По повод 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и 33-годишнината од хиротонијата за епископ, од името на верниот народ и Повардарската епархија, митрополитот Повардарски г. Агатангел со порака до поглаварот на Македонската православна црква. По повод 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на МПЦ, Скопската православна епархија викендов организираше низа активности.

Advertisement