Денес се навршуваат седумдесет години од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’мов од комунистичкиот режим на 13 август 1951 година.
Биле убиени со вразни раце, со по еден куршум во главата и еден во срцето. Само Борис Белев бил застрелан со три куршуми… Убиството било планирано, бидејќи на семејствата уште утрото им кажале да ги подготвуваат ковчезите. Студентите биле застрелани во вечерните часови, пред да бидат набрзина погребани.
Студентите, чија цел била слободна и независна Македонија, биле стрелани кај селото Орманли на планината Беласица, дваесеттина километри од Струмица. Образложението на тогашната власт било дека студентите работеле против комунистичкиот режим и илегално се обиделе да ја преминат границата, да побегнат во Грција.
И после се’, Боже на духовите и на секое тело, успокој ги душите на починатите твои чеда и наши браќа во Господа Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’мов, прости им ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, и како Благ и Човекољубив, насели ги нивните души во место светло, место блажено, место мирно, место каде што почиваат праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен.
Ќе ги посетуваме нивните вечни почивалишта, но знаеме дека нивното дело и мисла ќе не прогонуваат: Борете се за Македонците и за Македонија! Лесна им земја и Бог да ги прости… Било да не се повтори..
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
