Македонија: Балкански фестивал на народни песни и игри ќе се одржи во Охрид

Педесет и осмото издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри годинава ќе се одржи од четврти до осми јули. Честа свечено да го отвори и годинава ќе му припадне на ансамблот „Танец“ од Скопје.

Балканскиот фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во организација на Национална установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.

Во изминативе години на Балканскиот фестивал се презентирани повеќе од 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.

Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура и пријателите на Фестивалот.

Балканскиот фестивал 2019

Програма

4 ЈУЛИ (четврток)

Наслов на изложба: Курт Хејлишер во Македонија

19.00 часот, место: изложбен салон

5 ЈУЛИ (петок)

19.00 часот – дефиле

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 58-ми БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА “ТАНЕЦ”

6 ЈУЛИ (сабота)

Проекција на краткометражен филм “Водичарке”

Место: НУЦК / голема сала, почеток 18:45 ч

19.00 часот / дефиле

– КУД “Костолац” Костолац – Србија

– Ансамбл Седенчица од Пловдив – Бугарија

-КУД “Дримкол” од Вевчани – Македонија

-КУД “Кочо Рацин” од Кичево – Македонија

7 ЈУЛИ (недела)

Проекција на краткометражен филм “Оплитање”

Место: НУЦК / голема сала, почеток 18:45 ч

19.00 часот / дефиле

-КУД “Гоце Маркоски” од Скопје – Македонија

-КУД “Лјубо Бозанович” од Подгорица – Црна Гора

-КУД ”Вук Караџич” од Крагуевац – Србија

-ФА “Бисери” од Охрид – Македонија

8 ЈУЛИ (понеделник) Проекција на краткометражен филм “Пишање на невестата”

Место: НУЦК / голема сала, почеток 18:45 часот

19.00 часот / дефиле

-Ансамбл “Македонија” од Скопје – Македонија

-КУД “Лјубо Бозанович” од Подгорица – Црна Гора

-Ансамбл “Танц плус фолк” од Елбасан – Албанија

-Фоклорно Студио “Блажески” и ВИС Аманет од Скопје – Македонија

Сцена:“Долни Сарај” Почеток 20.30 часот

Влезот за посетителите ќе биде слободен.

Advertisement