Македонија дел од саемот за автомобилска индустрија во Тирана

Во Албанија е отворено првото издание на саемот за автомобили, кој ќе остане отворен неколку дена. На свеченото отворање на саемот во просториите на „Експосити“ во Тирана беше и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој за време на својот говор ги повика граѓаните да го посетат саемот.

Агенцијата за странски инвестиции на Македонија учествува со 13 компании од Македонија позиционирајќи се во центарот на саемот за автомобили. На саемот беше присутен Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Беким Емини и Македонскиот амбасадор во Тирана Данчо Марковски.

Саемот ќе продолжи до 19 Јуни, каде компаниите од регионот и Македонија ќе имаат можност да се промовираат и да градат мостови на соработка за во иднина, саемот го организира Министерство за заштита на претприемништвото во Владата на Албанија, во соработка со Министерството за инфраструктура и енергетика и Генералниот директорат за патен транспорт на Албанија.

Advertisement