Македонија: Денеска е ден на Републиката, се чествуваат двата Илиндена

Денеска македонците го прославуваат Денот на Републиката, 2 август, празник на македонската борба за слобода, независност и државност. Навршуваат 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната прослава ќе се одржи на Мечкин камен во Крушево. Манифестацијата почнува во 12 часот со интонирање на државната химна.