Македонија: Денеска во Скопје почнува Мундијалот за ракометари до 19 години

Македонија првиот натпревар го игра вечерва од 19.00 часот против Аргентина, а скопјани ќе можат да уживаат во мајсториите на најдобрите млади ракометари сè до 18-ти август. РКФ е домаќин на светскиот собир на најдобрите ракометни репрезентации за играчи до 19 години кој ќе се игра во Скопје во „Борис Трајковски“ и во „Јане Сандански“. Нашите млади надежи се во група со Данска, која на Европското првенство за играчи до 18 години беше трета, азискиот шампион Бахреин, Јапонија, јужноамериканскиот вицешампион Аргентина и Нигерија која во Африка беше трета. Сите натпревари од нашата група ќе се играат во салата „Борис Трајковски“.

Група А („Јане Сандански“)
Хрватска
Шпанија
Словенија
Норвешка
Чиле
Саудиска Арабија

денес играат:
10.30 Хрватска – Норвешка
12.30 Шпанија – Саудиска Арабија
14.30 Словенија – Чиле

Група Б („Јане Сандански“)
Шведска
Франција
Унгарија
Египет
Тајван
Канада

денес играат:
16.30 Шведска – Египет
18.30 Франција – Канада
20.30 Унгарија – Тајван

Група Ц („Борис Трајковски“)
Данска
Бахреин
Македонија
Јапонија
Аргентина
Нигерија

денес играат:
16.30 Данска – Јапонија
18.30 Бахреин – Нигерија
20.30 Македонија – Аргентина

Група Д („Борис Трајковски“)
Исланд
Германија
Србија
Тунис
Бразил
Португалија

денес играат:
10.30 Исланд – Тунис
12.30 Германија – Португалија
14.30 Србија – Бразил

Првопласираните четири репрезентации од секоја група продолжуваат во осминафиналето. Финалето е закажано за 18-ти август во 18.00 часот во „Борис Трајковски“. Бранител на тронот е Франција.

Advertisement