
Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан собра на едно место, светската политичка и бизнис елита. Под засилено полициско обезбедување, во свечена атмосфера, започна собирот, кој за прв пат, се одржува во Макеоднија. Владини претставници, претприемачи, академици. Дебатираа за стратегијата за дигитална трансформација на општествата, која треба да ги приближи земјите чекор повеќе до Европската Унија. Но, како што порача европската претставничка Марија Габриел, овој процес нема да биде лесен. Неопходен е буџет, ефикасна јавна администрација и едукација.
„Која е нашата цел. Да обезбедиме чекор по чекор камен по камен да се озвоможи дигиталната трансформација на земјите од Западен Балкан. Како ќе го успееме ова – со примена на мултисекторски пристап, којшто се соочува со главните предизвици како Развој на дигитални вештини, ,,мобилизација на јавната администрација итн.“ – изјави Марија Габриел – еврокомесарка за дигитална економија и општество. Македонскиот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски за оваа цел, најави законски измени со кои вети подобри административни услуги. Во својот настап, побара и поефтин роаминг, и за Македонците.
„Очекувам цените за роамингот за земјите од регионот, и земјите од Европскат Унија, драстично да се намалат. Очекувам да договориме заеднички настап за подобрување на пристапот до широкопојасен интернет. Очекувам Западен Балкан да стане следна ИКТ дестинација во светот.“ – изјави Манчевски.
За дигитална трансформација, македонската влада ќе обезбеди посебни средства, вети и премиерот Зоран Заев, кој потенцираше дека ова е од клучно значење и за економски развој на земјата. Во рамки на Самитот, Заев се сретна со европски владини претставници, меѓу кои и премиерот на Република Косово Рамуш Харадинај. Главната порака е дека европските извештаи се реални и охрабрувачки, а со самитот се отвора уште едно поглавје на патот кон ЕУ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden