Македонија донесе одлука за упатување финансиска помош и тимови за спасување и прва помош за земјотресот во Албанија

Владата на Република Македонија на својата денешна седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија. Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја. Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.