Македонија е подготвена да се соочи со коронавирусот

Шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје, Јихане Тавилах, смета дека Македонија е подготвена да се справи со коронавирусот, ако се регистрира случај во земјата. Во интервју за Алсат, таа вели дека тие секојдневно ја следат ситуацијата и дека на Македонија во моментот не и треба помош од други земји, како финансиски, така и од други аспекти.

„Што подразбираме за државна подготвеност? Лабораторијата е подготвена за тестирање и е достапна во Македонија, потребен е соодветен план за изолација за секој сомнителен случај, а оваа услуга може да ја обезбеди државата, а типот на експерти кои работат со заразни болести е подготвен и се обучени да ја користат потребната опрема и да се грижат за пациентите. Термичките камери веројатно не се доволни за откривање на сите случаи, само откриваат луѓе кои имаат треска, но знаете дека луѓето од студ имаат треска“-рече Јихане Тавилах, претставник на СЗО Скопје.

Тавила вели дека најефикасната мерка за спречување на ширење на болеста е да се информираат граѓаните за однесување на јавни места.

„Она што треба да го знаеме е дека овој вирус се пренесува од животни на луѓето и може да се пренесе од човек на човек, а начинот на кој се пренесува е како грип. Не треба да се плашиме од сè што доаѓа од Кина, не треба да се плашиме, тоа не е нешто пренесено од предмети. Тоа е нешто што се пренесува од човек на човек, од респираторните органи или животните. Кога велиме животни, ние не зборуваме за мачките и кучињата што ги имаме дома “-изјави Јихане Тавилах, претставник на СЗО во Скопје.

Таа препорачува граѓаните дачитаат официјални и потврдени информации за вирусот.

„Сакам граѓаните да направат две работи. Носете респираторна заштита, измијте ги рацете и не стојте кај некој што кашла, алармирајте и контактирајте ги здравствените центри ако чувствуваат треска и чувство на студ, од друга страна за да се заштитувате, измијте ги многу добро рацете, да алармираат ако имаат симптоми и исто така да слушат точни информации и не бидат заслепени од лажни вести “-рече Јихане Тавилах, претставник на СЗО Скопје.