Македонија фактор на бесбедност и стабилност 

Илинден:  Почитуван Алексовски , Балканот се уште во очите на Европјаните и западниот свет важи за проблематичен регион кој лесно генерира сериозни безбедносни, криминални и терористички предизвици кои можат лесно да предизвикаат дестабилизиација на поширокиот европски простор. Што би можела Република Македонија да направи во овој контекст?

Андреа:  Приоритет на луѓето од целиот свет е личната безбедност и безбедноста на своите најблиски, затоа Македонија мора да биде безбедна и стабилна земја во која луѓето ќе сакаат да живеат и работат.

Во Ноември 2017 година  23 земји членки на ЕУ (од  вкупно 28)  потпишаа документ за формирање заедничка европска одбрана и тоа Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Слованија, Шпанија и Шведска. Предвидено е земјите потписнички на документот да работат на проектот за заеднички развој и за тесна соработка во областа на одбраната и безбедноста.

Кон договорот не се приклучени Велика Британија и Данска, како и Ирска, Малта и Португалија, кои во последен момент решија да не го потпишат документот.

Со овој чекор ЕУ го постави историскиот темел на одбрамбената линија на ЕУ која на  воен план не сака повеќе да биде толку зависна од САД а воедно сака да биде подготвена при евентуално интензивирање на тензиите со Русија. Ова е јасен историски чекор на ЕУ дека нема да штеди на финансиски средства и енергија во својата цел Европа да биде безбедна и заштитена. Бидејќи Балканот е веќе во голем дел де јуре и де факто интегриран во ЕУ и НАТО (Албанија, Грција, Бугарија, Хрватска, Македонија), ЕУ односно добар дел на ЕУ- членки (особено од централна Европа) после долг период на финансирање во мирот секако би сакале безбедност и мир на западниот Балкан.

Покрај миграцискиот бран кој ја потресе Европа, следниот огромен „земјотрес“ кој се очекува да се случи како резултат на климатските промени ќе направи тектонски пореметувања во демографските и безбедносни системи во светски рамки.

Од тука македонската стратегија би требало да  предвидува изградба на меѓународна логистичка база на територијата на Македонија која би била партнерска и тоа пред се заедно со неколку земји:

  • Македонско – вишеградска ( Унгарија, Чешка, Полска и Словачка) база  или
  • Македонско – вишеградска и австриска  база.

Изградбата на една заедничка база на територија на Македонија има огромни предности како  за Македонија, централна Европа така и за Балканот и Европа во целина. Дали оваа  база ќе се вика „антитерористичка“ „хуманитарен центар“, „центар за превенција од меѓународен екстремизам“ или само меѓународна антитерористичка база е прашање на политички договор. Многу европски држави  во зависност од своите интереси имаат свои воени бази во странство како на пр. Велика Британија има база во Кипар, Германија користи воена база во Турција, Америка во многу земји и тн.

Предностите за Македонија се следниве:

  • Македонија со оваа меѓународна база јасно става до знаење дека на своја територија нема  да толерира било какви терористички групи,нарушувачи на суверенитетот и интегритетот на државата.
  • Македонија како мала земја со многу скромна воена опрема и технологија добива можност преку оваа база да ја мултиплицира својата борбена опрема, технологија и безбедносна подготвеност.
  • Македонија со оваа меѓународна база станува многу побезбедна земја која е привлечна за бројни странски директни инвестиции.
  • Македонија со оваа меѓународна база придонесува за мирот и стабилноста на Балканот и Европа.
  • Македонија со оваа меѓународна база како мало фрагилно парче земја во виорот на глобалната поларизација помеѓу истокот и западот цврсто застанува како неутрален безбедносен фактор.
  • Македонија со оваа меѓународна база станува гарант за безбедноста на европските коридори 8 и 10, енергетските јазли, како и стратешкиот трговско-транспортен коридор Солун-Вардар- Морава- Дунав.
  • Самата изградба на една база имплицира примарно голема и обемна финансиска инвестиција но со самото сервисирање и одржување на базата локалното македонско население добива константен работен ангажман за илјадници луѓе и бизниси што е голема предност за локалната економија.

Предностите за Европа, централно европските држави Унгарија, Чешка, Полска, Австрија и Словачка се следниве:

  • Со изградба на оваа меѓународна база  централно европските држави во прва линија ставаат контрола на експанзионистичката политика на официјална Анкара која Балканот го гледа како своја одскочна даска (дестабилизација на Балканот води кон големи проблеми во Европа) за влијание во централна и западна Европа. Огромните недоразбирања помеѓу Берлин, Виена и останатите централно европски држави со официјална Анкара во повеќе наврати  навестуваат дека Турција во догледно време нема да биде партнер врз која НАТО –членките ќе можат цврсто да се потпрат, што овие европски држави се принудени да бараат алтернативни решенија.
  • Со изградба на оваа меѓународна воена база  централно европските држави ја гарантираат безбедноста на европските коридори 8 и 10, енергетските јазли, стратешкиот коридор Солун- Вардар- Морава- Дунав и воедно ќе допринесат за создавање солидна клима за идни инвестиции.
  • Со изградбата на оваа меѓународна база овие земји ќе придонесат за мир на Балканот кој е единствениот дел од Европа кој е проблематичен и безбедносно рискантен.
  • Со новата доктрина на официјален Вашингтон за намалено и унисоно учество во безбедносните сфери на Балканот, европските земји за разлика од Бондстил кој е строго американска воена база во проблематична држава , европските држави ќе имаат свој европски бастион во Македонија кој ќе биде проевропски во стабилна држава.
  • Со актуелниот миграциски бран во Европа, Австрија и централно европските држави се соочуват со огромно незадоволство од домицилното население поради агресивното присуство на исламскиот тероризам кој ги потресе овие општества. Македонија има воспоставено воена состојба на македонската јужна граница веќе повеќе од две години а директни и главни помагачи и партнери  во напорите на Скопје да го затвори овој миграциски коридор  се токму Австрија и  централно европските држави. Оваа соработка фунционира одлично и претставува успешен тест за една таква соработка на безбедносен план.
  • Со изградбата на оваа меѓународна база Австрија и централно европските држави ќе имаат директна контрола врз проектот „ зелена трансферзала“ кој безмалку се протега до централна Европа и со поддршка од Турција и Иран може во блиска иднина да создава сериозни безбедносни проблеми во овие држави преку манипулација и поддршка на радикални исламски паравоени и верски групации.
  • Да не заборавиме, турскиот претседател Ердоган во последниве 6-7 години својата предизборна кампања ја почнуваше во Сараево а ја продолжуваше во Германија, Австрија, Холандија и тн. Пораката на Турција е повеќе од јасна, затоа реакцијата на Централна Европа мора да биде одлучна.

Предностите за ЕУ се следниве:

  • Со формирањето на заедничка европска одбрана ЕУ во Македонија а со тоа на Балканот (како кризен регион) добива воена и безбедносна инфраструктура и поддршка во своите долгорочни планови за јакнење на заедничката европска безбедност.
  • ЕУ во иднина се помалку ќе се ослонува на американска поддршка и ќе се обидува да гради своја самостојна автохтона  воена стратегија и инфраструктура.  Со изградбата на нашата проевропска  база ние придонесуваме и директно учествуваме во тој правец.
  • Покрај проевропски карактер на оваа  база, ЕУ добива и политичка потврда за  проевропската политика на Македонија и Балканот што е од голема важност за зголемената поларизација на политиките помеѓу истокот и западот.
  • Со изградбата на оваа меѓународна база европските држави помеѓу себе многу поблиску ќе менуваат разурнувачки информаци и ќе можат подиректно да им помогнат на сопствените држави, односно да  влијаат на сузбивањето на трговија со луѓе, илегалниот пазар на наркотици, шверц на дрога, оружје, цигари, крадени автомоболи, проституција, рекетирање, перење пари и др. кој што делува главно на југот на Србија, Косово, Црна Гора,Грција, Турција, Македонија а се реширува по земјите од централна и западна Европа. Од овој црн бизнис од кој мафијашките кланови прават до 2 милијарди евра годишно, секако голем дел завршуваат во политичките кругови од државите во светот како и во финансирање на екстремистички и терористички групи во Европа.

Република Македонија има традиционално пријателски односи со овие држави и тоа треба подобро да го користи во проекти што се од заеднички интерес. Официјално Скопје заедно со владите на овие пријателски земји мора интензивно да работи на изградба на фабрики за оружје, муниција и воена опрема во Македонија.

Би било одлично доколку во некои од постоечките македонските компании за производство на оружје, муниција и опрема би влегла некоја компанија од овие земји, или би произведувала само одреден дел од оружје и опрема, меѓутоа и отворање на чисто странски компании за производство за оружје, муниција и опрема би било од огромно значење бидејќи Македонија во овој сегмент е апсолутен 100% увозник и троши големи финансиски средства и располага со многу скромно оружје и опрема и воени системи!/М-р Андреа Алексовски аналитичар за состојбите на Макеоднско национално малциство во Балканот.