Македонија го осуди терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го осуди терористичкиот напад врз двете џамии во Крајстерч, во Нови Зеланд во кој загинаа 49 лица.

Шокиран сум со сознанието за ужасниот терористички напад врз џамијата во Крајстерч. Се солидализираме со народот на Нов Зеланд против насилството и омразата. Наше најдлабоко сочуство, напиша Димитров, на социјалната мрежа Твитер.

Новозеландската полиција потврди дека во денешните два вооружени напади на џамиите во Крајстерч се убиени 49 лица, а повеќе од 20 се повредени.

Advertisement