Македонија го освои ЕХФ-шампионатот

Младинската репрезентација на Македонија ја совлада Белорусија во големото финале на ЕХФ-шампионатот и обезбеди пласман во дивизија “А“, каде ќе настапи на следното младинско ЕП. Нашата репрезентација одигра најдобро и најконстантно на ова првенство и го заврши со само еден загубен бод. Средба со селекцијата на Белорусија за нас требаше да биде најтешкиот натпревар на ова првенство, бидејќи Белорусија покажа најмногу во групата “А“, а во вчерашното полуфинале многу лесно ја совлада Швајцарија. Но Македонија одигра најдобро кога тоа најмногу требаше и целосно го надигра својот противник. Белорусија денеска немаше ниту минимална шанса против расположените Македонци, кои во текот на целата средба имаа цврста контрола врз играта и врз резултатот, па се доби впечаток дека денешната средба ја добивме многу полесно од очекуваното.

Белорусија поведе со 1:0 и тоа беше се што успеа да стори во денешното финале. Веќе во 7. минута беше 3:1 за нас, а во 22. минута и 10:5. По првите 30 минути на семафорот стоеше резултатот 15:1- за нашата селекција. Во слично темпо го одигравме и вториот дел, во кој во еден момент ги имавме и максималните +9, 23:14 во 43. минута. Се до крајот одигравме без криза во нашата игра и средбата ја завршивме со убедливи шест гола разлика, 29:23. Сите наши репрезентативци одигра на највисоко ниво, но меѓу нив најмногу се истакна Марио Петковски, кој со своите 14 одбрани ја однесе својата репрезентација до победата. На крајот голманот на Металург 2 беше прогласен за најдобар играч на финалето. Интересен податок, од 29 постигнати голови ракометарите на Металург во составот на нашата репрезентација реализираа дури 27.

Advertisement