Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел во натпревар од квалификациите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во Русија. На средбата одиграна вечерва во Хаифа, а во рамките од 7.коло на Г групата, Македонија го победи Израел со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол за црвено-жолтите беше капитенот Горан пандев во 73.минута по одличната асистенција на младиот Елиф Елмас. За нашата репрезентација ова беше втората победа во квалификациите, а веќе во вторник ја очекува нов дуел и тоа во Струмица каде ќе гостува Албанија.
Advertisement