Македонија го презема претседателството со ОБСЕ

Под слоганот „За луѓето се работи“, фокусот на македонското претседавање со ОБСЕ годинава, ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност.

Претседавачот Бујар Османи најави дека, војната во Украина останува врвен приоритет, а ќе се фокусира и на намалување на тензиите, обновување на довербата, просперитетот и севкупната безбедноста на луѓето.

Османи вели и дека, ова зајакнато меѓународно профилирање значи и долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност. На државата и се дава можност, да го покаже својот капацитет, да биде клучен играч и да ги води и да придонесува за меѓународните процеси.

Честитка денеска стигна и од премиерот.

Претседавањето на Македонија со ОБСЕ ќе трае во текот на целата 2023 година. Програмата на македонското претседавање, министерот Османи ќе ја презентира пред Постојаниот совет на ОБСЕ, во Виена на 12 јануари.

Advertisement