Македонија го совлада Гибралтар со 2:0 со победа стартуваше во УЕФА Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација го совлада Гибралтар со 2:0 и со победа ги започна настапите во УЕФА Лигата на нациите. Македонија поведе со голот на Иван Тричковски во 19-тата минута, по одличното нафрлање на Стефан Ристовски откако претходно беше извршен школски контра напад.

Вториот гол го постигна Езгјан Алиоски во 35-та минута, со силен удар од работ на петерецот. Со овој резултат се замина на одмор, а во второто полувреме Македонија играше онолку колку што беше потребно рутински да го доведе натпреварот до крајот. Следен противник на Македонија во Лигата на нациите ќе биде Ерменија, со кого македонскиот национален тим се среќава на 9 септември во Скопје.

Advertisement