Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот – 6,9 тони

Србија за една година ги зголемила своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 31.3 тони во вредност од 1,66 милијарди евра, додека Хрватска, нема ни грам. Од друга страна, некои земји во регионот го користеа своето злато како залог за заем. Податоците од World Gold Council (Светски совет за злато), најточна база на информации за резервите по земји, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот – 6,9 тони. Следува Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато залоено за кредит. За Хрватска, бројката е нула.