Македонија: Изложбата „По трагите на Св. Кирил и Методиј“ на Павол Демеш од Словачка во Кратово

На ден 22 февруари 2019 година беше отворена изложбата на Павол Демеш од Братислава, Република Словачка „По трагите на Св. Кирил и Методиј“ во градот Кратово по повод денот на Св. Новомаченик Ѓорѓи Кратовски (патрон и заштитиник на градот) во соработка со амбасадата на Република Словачка. Настанот се одржа во репрезентативните простории на музејот на градот Кратово. Изложбата ја отвори градоначалникот на општина Кратово Љупчо Бојаџиев, директорката на институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Маја Јакимовска -Тошиќ, македонскиот библиограф кој живее во Братислава  Стојан Лекоски и амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш. Градоначалникот позитивно ја оцени соработката со амбасадата на Република Словачка во Македонија за мал град како Кратово изложбата претставува збогатување на културниот живот во градот Кратово. Во овој контекст, тој изрази интерес за  збратимување со градот Банска Штиавница кој е всушност рударски град и се наоѓа во североисточниот дел на Република Словачка.