Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград

Република Македонија е една од 119-те земји кои ќе ја претстават својата визија за главната тема „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“ во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година.

Република Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград, објави истоимената компанија.

Нашата држава е една од 119-те земји кои ќе ја претстават својата визија за главната тема „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“ во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година.

Според соопштението за медиумите на компанијата „ЕКСПО 2027“, Македонија е препознаена како едно од последните засолништа кои нудат недопрен природен сјај.