Македонија: Конституирано Собранието – почнуваат преговорите за нова влада

Под посебни здравствени протоколи, во пространата собраниска сала „Големата купола“ денеска се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав. Претседател не беше избран бидејќи се уште нема формирано парламентарно мнозинство за избор на нова влада.

Со маски на лицето и дезинфицирани раце, со претходно измерена нормална телесна температура, новите народни избраници седнаа во пратеничките столчиња. Поради пандемијата со ковид19, конститутивната седница со која претседаваше досегашниот спикер се одржа во салата „Голема Купола“ во која го имаше потребното растојание меѓу пратениците и гостите кои присуствуваа на седницата.

На седницата присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претставници на највисоките судски инстанции, Народниот правобранител и претставници на дипломатски конзуларни мисии во Македонија.

Advertisement