Македонија: Конститутивна седница на Советот за безбедност

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, за прв пат свика седница на Советот за национална безбедност. По седницата која беше конститутивна, Претседателот Пендаровски изјави за медиумите дека земјата не е загрозена од некаква сериозна закана.

Претседателот Пендаровски изјави дека на земјата можат да и се заканат опасности од почетокот на преговорите меѓу Косово и Србија.

На конститутивната седница на Советот за национална безбедност предводен од претседателот Стево Пендаровски беа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џaфери, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и директорите на државните безбедносни органи. Дел од Советот се и Трајан Гоцевски, Ветон Латифи и Ненад Марковиќ, избрани од самиот претседател.