Македонија: Лидерите се договорија избори на 12 април 2020

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев по денешната лидерска средба што се одржа на Вилата Водно, по иницијатива на претседателот, Стево Пендаровски.

Тој рече дека Социјалдемократскиот сојуз предложил изборите да се случат на 22 или 29 декември, меѓутоа опозицијата нагласила дека во такви околности ќе нема 100 дена техничка влада, па заедно се согласиле изборите да се случат во април.

„Имаме период за 100 дена пржинска влада. Техничкиот премиер таа влада ќе ја води од 3 јануари до завршувањето на изборите. Имаме можност да разговараме и за промена на изборниот модел. За СДСМ е прифатливо да имаме една изборна единица, но треба да ги слушнеме и другите политички партии. За нас е важно да направиме еден исчекор напред кон демокрстизацијата“, рече Заев.