Македонија: Манастирот Св. Јован Бигорски со видео посветено на Великиот Пост (ВИДЕО)

Изминатиов период во Манастирот Св. Јован Бигорски, кој отсекогаш бил и се’ уште е центар на духовноста и културен двигател за Македонскиот народ, повторно беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост”.

Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордеат целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.

Тимот кој со голема љубов и посветеност работеше на видео записот, е во состав: Режија и монтажа: Горан Костадинов Камера: Александар Ивановски, Кристијан Теодоров, Дрон: Небојша Петревски, Изведува Ансамбл „Македонија“ Искрено и топло се надеваме дека оваа богата композиција ќе допре до целата наша македонска јавност како и македонците секаде низ светот и ќе ги освои нивните срца, воведувајќи ги во прекрасната атмосфера на Великиот Пост.