Македонија најголем производител на сортата вранец во регионот

Во моментов во земјава има над 28 илјади хектари под лозови насади од винско грозје, од кои околу 11 илјади хектари се под сортата вранец. Овој податок ја прави нашата држава најголем производител на грозје и вино од оваа сорта во регионот. Ова го посочи денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на конференцијата што во Скопје се одржа по повод Светскиот ден на вранецот. На конференцијата, која прв пат се одржува во земјава и е во организација на здружението „Вина од Македонија“ присуствуваа освен домашни гости и гости од ЕУ, Велика Британија, Романија, Грција, Албајија, БиХ, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, САД, Сингапур, Либан, Нов Зеланд, Германија.

Димковски изрази задоволство што прв пат Светскиот ден на вранецот се одржува во земјава и напомена дека Македонија има исклучително поволни услови за производство на квалитетно грозје и вино. Затоа нашето вино особено вранецот е познато по својот квалитет ширум светот. Лозарството и винарството се нашите стратешки гранки и затоа како Влада изминатите две години посветуваме сериозно внимание на развојот и на примарното лозарство и на винската индустрија, рече министерот за земјоделство.

Нагласи дека во рамки на активностите за стратешка промоција и позиционирање на светската винска сцена досега се потрошени над два милиони евра, само за промоција на вранецот како сорта. Преку мерките од програтама за директни плаќања во 2019 година овозможуваме за 20 отсто повисоки субвенции за одржување на лозови насади за лозарите со развоен потенцијал. Со новата мерка за субвенционирано гориво за земјоделската механизација, лозарите ќе имаат порентабилно производство, бидејќи 30 отсто од трошоците за гориво ги покрива државата, нагласи Димковски. Во делот на винската индустрија, додаде тој, зголемена е поддршката за промоција на македонските вина на меѓународните заеми од половина на еден милион евра, со што ќе се овозможи поголем пробив на нашите квалитетни вина и отворање на нови пазари за извоз.

Напомена дека за винската индустрија е најважно да се следат светските трендови, а за таа цел мерките од ИПАРД 2 програмата овозможуваат конфинасирање на трошоците за изградба или реконструкција на винарниците, како и за набавка на опрема, што е важно за модернизацијата на производството, за воведување нови технологии и крајно зголемување на извозот на флаширани вино. Истакна дека во комуникација со претставници од винската идунстрија, подготвени се измени на Законот за вино, кој што е во финална фаза. Со законските измени се олеснуваат условите за производство на малите семејни винарии, се воведуваат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив.

Вкупното проиводство на вино, истакна министерот, се движи од 115 до 125 милиони литри, од кои околуи 80 милиони завршуваат на пазарите надвор од Македонија, од што и годишниот девизен прилив изнесува 50 милиони евра. Радува фактот што виното во шише постепено го зазема местото на наливното вино во рамки на вкупниот извоз. Конкретно додека во периодот од 2000-2010 односот на вино во шише/наливно вино беше 10 отсто шише, остатокот наливно, во последните неколку години оваа разлика е промената на сметка на виното во шише и сега приближно 30 отсто од виното што се извесува е вино во шише, додаде тој.

Ја спомена и диверзификацијата на пазарите, сега вино освен во традиционалните увознички Германија, Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, зголемено извезуваме и во САД, Канада, Кина, Јапонија.

Упати честитки за вчерашното потпишување на Меморандумот за соработка, со кој и официјално е формирана Балканската винска мрежа, која заеднички ќе го реализира проектот „Виното како мост за поврзување на земјите од Западен Балкан“. Пред присутните видео обраќање имаше премиерот Зоран Заев. Тој рече дека овој настан ја става Македонија на светската винска мапа, овозможувајќи и на земјата да стане препознатливо име кое се поврзува со квалитет на меѓународните вински пазари.

Сортата вранец претставува нераскинлив дел од винскиот и културниот идентитет на целиот Балкан, се гоордеме со вранецот затоа што со него го промовираме заедништвото на земјите од регионот, додаде тој. Швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техад нагласи дека винската индустрија е економски многу важна за земјава – придонесува меѓу 17 и 20 проценти од вкупниот земјоделски бизнис и обезбедува допонителен приход за над 20 илјади домаќинства.

Швајцарија, додаде таа го поддржува развојот на винската индустрија на различни начини – за подобрување на локалните вина, зачувување на винскиот идентитет, зачувување на разноликоста, подрршка на семејните бизниси. Винската индустрија може да им служи како модел на другите индустрии во однос на промоцијата на жени на лидерски позиции, додаде таа. Пред присутните говореше и претседателот на „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски, кој нагласи дека од денеска се почнува со еден нов дел од она што се работело во винскиот бизнис во земјава.

Нагласи дека иако досега имало промени, сепак земјава е на почетокот на вистинските промени во винарската индустрија. Денеска сме тука да прославуваме, да го славиме Денот на вранецот. Вранецот е една регионална конекција. Вранецот е деклариран во будванскиот устав во Црна гора во 16 век, нема друг пишан документ, сигурно дека тој бил присутен и на другите простори, нагласи Јаневски.